Организација - Членови пристап
Членови кои ќе можат доброволно да пристапат во НРМ се:
- органите на државната управа поврзани со руралниот развој;
- стручните установи во земјоделството, шумарството и руралниот развој и нивните организациони единици;
- единици на локална самоуправа;
- планските региони;
- регионалните и локални агенции за рурален развој;
- земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
- научно-образовни институции од областа на земјоделството и руралниот развој и нивните организациони единици;
- здруженијата и комори поврзани со земјоделството и руралниот развој;
- земјоделските задруги регистрирани во регистарот на земјоделски задруги на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- локалните акциски групи и
- други физички и правни лица чии активности се поврзани со земјоделството и руралниот развој.