Пред-најава на втор јавен повик

13.06.2024
Пред-најава на втор јавен повик

Во согласност со член 13 став (1) од Уредбата за воспоставување, организацијата, членството и работата на националната рурална мрежа на Република Северна Македонија (Службен весник на РСМ бр. 261/21, 206/22, 25/23 и 139/23) вториот јавен повик на НРМ треба да биде објавен во периодот од 01.07. - 31.08.2024 година на веб страницата nmrr.mk.

На истиот може да учествуваат сите заинтересирани членови на НРМ без разлика дали учествувале на првиот јавен повик, освен за оние кои не ја завршиле активноста од првиот јавен повик но истите ќе можат да аплицираат за активност која не е во категоријата на незавршената активност.

За висината на средствата кои ќе бидат обезбедени за вториот јавен повик и висината на поддршката по барател дополнително ќе бидете информирани.

Потребната документација која треба да биде обезбедена, ќе биде важечка по денот на објавување на јавниот повик.