Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на РМ" бр.13/06, 86/2008 и 6/2010), граѓаните можат да добијат информација од јавен карактер што сме ја изготвиле или со која располагаме, преку наведените врски кои водат до директните информации на нашата интернет страна или со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во нашата архива или да го превземат од наведената врска.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на нашата адреса ул. Аминта 3ти бр.3, 1000 Скопје, на Е-пошта: [email protected] или со пополнување на онлајн формата. Граѓаните исто така може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај одговорното лице на телефонскиот број: +389 2 313 4477p204.