Во тек се активностите од првиот јавен повик на НРМ кој беше објавен на 31.08.2023 година и на кој членовите на НРМ побараа финансиска поддршка за настани (работилници, семинари, тркалезни маси, конференции, симпозиуми и саеми) како активност А, истражувања, анализи и студии како активност Б и студиски патувања како активност Г.
Во 2023 година за мерката 3 „Активности на Националната рурална мрежа“ беа обезбедени 10.000.000 денари. На повикот се пријавија 34 членови од кои 33 беа одобрени. Од 33-те предлог активности по направено рангирање по начелото прв дојден - прв услужен беа доделени 26 договори за реализација.
Од 26-те договори успешно се реализирани и исплатени 25 активности во различна категорија на прифатливи трошоци (А, Б и Г) и тоа 3.000.000 денари од тековните средства кои беа планирани во 2023 година и 7.000.000 денари како неподмирени обврски од средствата обезбедени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година за активности кои биле планирани во 2023 година, а реализирани во 2024 година.
Точниот износ на исплатени средства по поединечна активност од првиот јавен повик ќе биде објавена на веб страната на НРМ по целосно завршување на сите активности кои се одобрени и реализирани. Последната активност е планирана да заврши во месец септември 2024 година.
Во прилог ги објавуваме активностите кои се завршени со кратко образложение и фотографии за секој настан поединечно. За останатите активности за кои секретаријатот нема добиено конечни извештаи со документи и фотографии, односно видео материјал, истите дополнително ќе бидат објавени.