Прво собрание на Националната рурална мрежа

27.12.2022

На 21.12.2022 во хотел Континентал во Скопје се одржа првото собрание на Националната рурална мрежа. Членовите на НРМ организирани во 4 организациски форми избраа свои претставници во Управниот Одбор на НРМ. Избрани се 10 членови и 10 заменици членови кои ќе ги претставуваат своите организациски форми како јавен сектор, правни субјекти, граѓански сектор и локални акциски групи. Со изборот на членови во УО на НРМ се безбедува активност на НРМ и законска можност да се почне постапка за објавување на јавен повик за поднесување на предлог активности кои ќе бидат поддржани од МЗШВ преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година како техничка поддршка на земјоделството и руралниот развој мерка 3 "воспоставување и активности на национална рурална мрежа".

Галерија