Четвртото издание на Вински салон во Битола - SLOW WINE 2022

09.12.2022

Во првата декемвриска сабота, на големата сцена на Центарот за култура во Битола се случи четвртото издание на Вински салон - SLOW WINE 2022. 

 

Како што не информираа организаторите, целта  на настанот е остварена: супериорно претставување на новата винска сцена во Македонија каде многубројните поститетели се запознаа со новиот бран од преку 70 млади винари кои донесоа свежина, енергија и смела визија за нивните семејни винарии.

 

Се пробаа вината од винариите - Пешеви, Ерос, Иванов, Захарчев, Сарика, Киево, Маркова кула, Изворно, Николов, Арабеска, Наумчеви, Попови, Цветановиќ, Томино, Марков, Плетварски, Јаковлевски, Пармак, Параџик, Манастир, Коцев, Олд скул, Клинчаров, Максимилијан... 

Во бродвејска атмосфера, со кренати чаши и под светлото на рефлекторите на сцената на Центарот за култура се дегустираа 200 етикети на вино и дестилати, како и бројни деликатесни производи, а гостите и неколку дена подоцна сеуште зборуваат за Винскиот салон.

Традицијата почна да се гради, па ова четврто издание е одлична база за Винскиот салон во 2023 година: организаторите Слоу Фуд Македонија и Слоу Фуд Битола се едногласни во сумирањето на впечатоците- континуирано градењето на винската култура во регионот, едуцирање и секако создавање на нови херои во винската индустрија.

Галерија