СТУДИСКА ПОСЕТА: Регионална експертска работна група за почва, Германија

07.12.2022
СТУДИСКА ПОСЕТА

Седумнаесет члена од Регионалната експертска работна група за почва, учествуваа во студиската посета во Германија во периодот од 27 Ноември до 2 Декември оваа година. Членовите во работната група се претставници од министерствата за земјоделство, министерствата за животна средина како и национални експерти од областа на заштита на почвата и животната средина од Западен Балкан.

Во работата на оваа експертска група и студиска посета учествува и претставник од секретаријатот на Националната рурална мрежа на Република Северна Македонија.

Целта на посетата е да се запознаат членовите на експертската група за почва со германскиот модел на заштита на почвата, мониторингот, активностите поврзани со ремедиација на загадена почва, како и организационата поставеност, научниот и истражувачки пристап кон заштитата на почвата.

Оваа активност беше реализирана со помош и е составен дел од Земјоделскиот политички дијалог Германија-Западен Балкан, финансиски поддржан од Германското Федерално Министерство за храна и земјоделство во координација со ГФА И СВГ како имплементатори.

 

Галерија