Почитувани членови на НРМ, ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТАТА И АКТИВНОСТИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА РУРАЛНА МРЕЖА, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ, ВИСИНАТА НА ФИНАНСИРАЊЕТО И ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ излезе во Службен весник на РСМ со број 47/23.
Оние кои се заинтересирани да учествуваат на Јавниот повик за користење на финансиска поддршка за предлог активности од мерката 3 „Активности на Националната рурална мрежа“ треба да се придржуваат на одредбите од овој правилник и да предлагаат активности поврзани со општите и специфичните цели на НРМ.
За датумот на објавување на Јавниот повик за поднесување пријави за предлог активности ќе бидете навремено известени преку веб страната на НРМ, а истиот очекувајте го во првата недела на месец април 2023 година. Зачленувајте се на веб страната на НРМ за да бидете прифатливи за поднесување на пријава/пријави за предлог активности на НРМ.
Во периодот на отворен јавен повик за поднесување на пријави за предлог активности, пријавување за член во НРМ нема да биде дозволено.