Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд

11.08.2022

Почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија носи убави вести за нашиот агро сектор. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денес го презентираа новиот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД-2 програмата. Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.