Управување
- Членови на Националната рурална мрежа се претставници од областа на земјоделството и руралниот развој, кои доброволно ќе пристапат на веб-страницата на Националната рурална мрежа (www.nmrr.mk) со пополнување на формуларот за пристапување.
- Управниот одбор на Националната рурална мрежа се состои од 11 членови, од кои два члена се претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а девет членови се претставници на членството кои доброволно пристапиле во Националната рурална мрежа. Претседател на Управниот одбор на Националната рурална мрежа е раководителот на Телото за управување со ИПАРД.
- Организирањето на работата на Управниот одбор на Националната рурална мрежа е во надлежност на Секретаријатот на Националната рурална мрежа. Секретаријатот на Националната рурална мрежа е составен од шест административни службеници вработени во Секторот за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.