Јавен повик за поднесување на предлог активности за спроведување на Акцискиот план на Националната рурална мрежа во Република Северна Македонија за периодот 2023-2027 година, за годишниот акциски план за 2023 година, кој ќе се финансира со средства од мерката 3 „Активности на Националната рурална мрежа“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Внимавајте!
Целосната документација треба да се достави до архивата на МЗШВ најкасно до 06.10.2023.
Во спротивно елекронското барање нема да се разгледува од секретаријатот на НРМ!
Совет!
Документацијата која е составена од повеќе листови, скенирајте ја збирно како еден PDF документ. Повеќето потребни документи од Централниот регистар можете да ги добиете онлајн за само неколку минути преку нивниот систем за Е-Потврди.
За да имате можност да ги пополнувате формуларите, потребно е да сте регистриран и одобрен член на Националната рурална мрежа и да бидете најавен на системот со вашите корисничка сметка и лозинка.