Националната рурална мрежа на Република Северна Македонија се донесува согласно член 26-а од Законот за земјоделство и рурален развој, а во неа се опфатени целите за нејзиното формирање, начинот на воспоставување, организациската поставеност, членувањето и работењето.
Мрежа - Цели
Цели
- Зголемување на вклученоста на заинтересираните страни во спроведувањето на Националната програма за рурален развој
- Информирање на пошироката јавност и потенцијалните корисници за политиката за рурален развој и можностите за кофинансирање на проекти
- Поттикнување на иновации во земјоделството, производството на храна, шумарството и одржливиот развој на руралните средини, руралните заедници и руралните региони
Мрежа управување
Управување
- Членови на Националната рурална мрежа се претставници од областа на земјоделството и руралниот развој, кои доброволно ќе пристапат на веб-страницата на Националната рурална мрежа (www.nmrr.mk) со пополнување на формуларот за пристапување.
- Управниот одбор на Националната рурална мрежа се состои од 11 членови, од кои два члена се претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а девет членови се претставници на членството кои доброволно пристапиле во Националната рурална мрежа. Претседател на Управниот одбор на Националната рурална мрежа е раководителот на Телото за управување со ИПАРД.
- Организирањето на работата на Управниот одбор на Националната рурална мрежа е во надлежност на Секретаријатот на Националната рурална мрежа. Секретаријатот на Националната рурална мрежа е составен од шест административни службеници вработени во Секторот за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.