Остануваат уште 17дена за пријавување на членови на Националната рурална мрежа

11/29/2022 - 10:00
Управен одбор

Остануваат уште 17 дена за пријавување на членови на Националната рурална мрежа. Досега аплицирале 90 членови од сите организациски форми.

Секоја организациска форма има различни приоритени области. На 21.12.2022 година (среда) ќе се одржи првото собрание на Националната рурална мрежа на кое ќе се изврши основање на организациските форми. Местото и часот дополнително ќе го објавиме на веб страната.

Секоја организациска форма ќе си избере свој претставник/претставници во Управниот Одбор на Националната рурална мрежа.

Првиот состанок на Управниот Одбор на Националната рурална мрежа за верификување на составот ќе се одржи на 23.12.2022 година (петок) со што ќе се овозможи објавување на Јавен повик за поднесување на предлог активности (проекти) кои ќе бидат финансиски поддржани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Начинот и постапката за аплицирање ќе бидат достапни на веб страната со објавување на Јавниот повик