Огласот за јавен повик за аплицирање по мерка 3 ќе биде во август 2023 година

24.03.2023
Огласот за јавен повик за аплицирање по мерка 3 ќе биде во август 2023 година

Огласот за јавен повик за аплицирање по мерка 3 "Активности на Националната рурална мрежа" од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година ќе биде во август 2023 година. Документите битни за овој оглас можете да ги видите во делот документи на оваа веб страна. На 21.03.2023 се оддржа вториот состанок на Управниот одбор на НРМ на кој се донесоа важни одлуки за првиот Јавен повик. По третиот состанок на Управниот Одбор на НРМ ќе се објави јавниот повик за поднесување на предлог активности на НРМ со прилог документи.