Организација

Национална рурална мрежа - Организација

Организацијата на Националната рурална мрежа e составена од секретаријат, управен одбор и членови. Членови на Националната рурална мрежа се претставници од областа на земјоделството и руралниот развој, кои доброволно ќе пристапат на веб-страницата на Националната рурална мрежа (www.nmrr.mk) со пополнување на формуларот за пристапување.

Организација - форми членови

Организациски форми

Организациски форми кои членуваат во Националната рурална мрежа се:

  • Јавен сектор
  • Правни лица
  • Граѓански сектор
  • Локални акциски групи (ЛАГ)
     

Организација - Членови пристап

Организација - Членови пристап

Членови кои ќе можат доброволно да пристапат во НРМ се:
  • органите на државната управа поврзани со руралниот развој;
  • стручните установи во земјоделството, шумарството и руралниот развој и нивните организациони единици;
  • единици на локална самоуправа;
  • планските региони;
  • регионалните и локални агенции за рурален развој;
  • земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
  • научно-образовни институции од областа на земјоделството и руралниот развој и нивните организациони единици;
  • здруженијата и комори поврзани со земјоделството и руралниот развој;
  • земјоделските задруги регистрирани во регистарот на земјоделски задруги на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • локалните акциски групи и
  • други физички и правни лица чии активности се поврзани со земјоделството и руралниот развој.

Организација - Управен одбор

Управен одбор

Управниот одбор на Националната рурална мрежа се состои од 11 членови, од кои два члена се претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а девет членови се претставници на членството кои доброволно пристапиле во Националната рурална мрежа. Претседател на Управниот одбор на Националната рурална мрежа е раководителот на Телото за управување со ИПАРД.

Организација - Секретаријат

Секретаријат

Организирањето на работата на Управниот одбор на Националната рурална мрежа е во надлежност на Секретаријатот кој е составен од шест административни службеници вработени во Секторот за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Управниот одбор, Секретаријатот на Националната рурална мрежа и членовите на Националната рурална мрежа се организирани во т.н. Тематски работни групи.
 

Организација - Активности 1

Организација - Активности

Активности

Активностите на Националната рурална мрежа се содржани во Акцискиот план кој се донесува од страна на министерот. Врз основа на Акцискиот план на НРМ се подготвува годишен план за спроведување на истиот. Годишниот план за спроведување на активностите од Акцискиот план на НРМ го спроведува Секретаријатот и членовите на Националната рурална мрежа.

Организација - Активности 2

Содржина

Предлог активностите треба да содржат:

  • наслов на предлог активноста
  • опис на предлог активноста
  • оправданост на предлог активноста
  • предложен буџет за реализација на предлог активноста
  • времетраење на предлог активноста (датум на започнување и завршување).

Организација - Постапка

Организација - Постапка алерт 1

Одобрување и одбивање

Постапката за одобрување и одбивање на доставените предлог активности ќе бидат уредени со „Уредба за воспоставувањето, организацијата, членството и работата на Националната рурална мрежа на Република Северна Македонија“ (Службен весник на РСМ бр. 261/21).

Организација - Постапка алерт 2

Контрола
Контролата за спроведување на активностите од Акцискиот план ќе ја врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.